„Ново Нордиск“ (Novo Nordisk A/S) ќе укине 9.000 работни места на глобално ниво и по третпат годинава ќе ја намали прогнозата за профит, во обид да ја надомести загубената предност пред поефикасниот ривал „Ели Лили“ (Eli Lilly & Co.) на експлозивно растечкиот пазар за лекови против дебелина.

Данскиот производител на „Оземпик“ (Ozempic) и „Вегови“ (Wegovy) соопшти во средата дека има цел да заштеди 8 милијарди круни (1,3 милијарди долари) до крајот на 2026 година, а средствата ќе ги пренасочи во развој на нови лекови и продажба. Намалувањето ќе опфати 11 отсто од вработените, вклучително и 5.000 отпуштања во Данска, каде масовни откази се исклучително ретки.

Акциите на „Ново“ по иницијалниот пад пораснаа до 3,2 отсто во Копенхаген. Сепак, во последните 12 месеци акциите се намалени за 60 отсто, откако компанијата кратко време беше највредна во Европа благодарение на растечкиот интерес за новите третмани за слабеење.

Вработените во „Ново“ очекуваа отпуштања уште откако Мајк Дустар минатиот месец ја презеде функцијата извршен директор и повика на поголема дисциплина и претпазливост во трошењето. Иако компанијата го предводеше пазарот за лекови против дебелина со „Оземпик“ и „Вегови“, нејзините позиции почнаа да се менуваат минатата година кога уште посилниот експериментален лек „КагриСема“ (CagriSema) не ги исполни очекувањата за слабеење во клиничко испитување. Сега „Ново“ дел од своите надежи за раст ги гледа во развојот на таблетната форма на „Вегови“.

Компанијата планира инвеститорски настан на 17. септември за да го претстави планот за истражување и развој.

Но уште поважно, производителот на лекови се бори да ја врати својата позиција откако ја загуби предноста на американскиот пазар за лекови против дебелина пред „Лили“. „Ново“ се соочува и со проблеми да се заштити од поевтини имитирани верзии на своите лекови што ги нудат аптеки што самостојно приготвуваат лекови во САД.

„Иако е охрабрувачки тоа што ‘Ново’ презема мерки за да ја намали комплексноста и да ја зголеми агилноста на бизнисот, реструктурирањето веројатно ќе доведе до дополнителни прашања околу изгледите за раст,“ напиша аналитичарот на „ЏејПи Морган Чејс“ (JPMorgan Chase & Co.), Ричард Восер

Рационализација на работната сила
Вработените во „Ново“ остваруваат помал приход во споредба со своите колеги во „Лили“.

„Ново“ соопшти дека ќе преземе и други чекори за да ја засили својата „перформанс култура“. Фармацевтската компанија е позната по усогласеноста со данските норми за рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, при што многу вработени поголем дел од јули го користат за одмор или си заминуваат од работа до 16 часот за да ги земат децата или да се посветат на хоби.

Компанијата нема традиција на масовни отпуштања, но со години важи за фирма со преголем број вработени. Во 2024 година на „Ново“ ѝ биле потребни 1.835 вработени за да оствари 1 милијарда долари приход, додека „Лили“ го постигнувала исто со само 1.044 работници.

Bloomberg
 
Акциите на ‘Ново Нордиск’ бележат надолен тренд

Bloomberg
 
Намалувањата беа објавени како дел од иницијатива на ниво на целата компанија за поедноставување на организацијата, забрзување на процесот на одлучување и пренасочување на ресурсите кон области со поголем потенцијал за раст во дијабетесот и дебелината. Новиот извршен директор се „покажува проактивен“, наведе аналитичарката на „Оддо“ (Oddo), Шарлот Ваис, во белешка.

Поради еднократни трошоци од 8 милијарди круни за реструктурирањето, „Ново“ соопшти дека оперативната добивка ќе порасне меѓу 4 и 10 отсто на постојани девизни курсеви. Компанијата во февруари предвидуваше дека добивката може да порасне и до 27 отсто.

„Ново“ очекува и околу 4 милијарди круни дополнителни трошоци за амортизација и намалување на вредноста годинава – вкупно околу 21 милијарда круни – најмногу поради затворањето на на проекти во рана фаза што не се од клучно значење во развојната линија за нови лекови.

Дустар веќе го замрзна вработувањето за неклучни позиции и ги повлече понудите за работа за новите кандидати кои сè уште не почнале со работа.

„Понекогаш најтешките одлуки се вистинските за иднината што ја градиме,“ напиша Дустар на „Линкдин“ (LinkedIn). „Ова е вистинскиот потег за долгорочниот успех на ‘Ново Нордиск’.“