Исклучително добриот квалитет на пченицата е прифатлив за мелничко-пекарската индустрија, а и стоковите резерви се полнат со домашна пченица.
Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски вели дека во пресрет на есенската сеидба ќе се настојува да се задржат квалитетот и количината на пченицата од оваа година. Ќе следуваат серија состаноци со земјоделците.
– Планираме одредени модификации за да го стабилизираме ова производство и, по можност, да го зголемиме. Ќе разговараме за програмата за 2026, за семенскиот материјал, за некаква дополнителна поддршка, со цел да го одржуваме овој стратешки производ бидејќи е многу важен за нашата држава и треба да го одржиме ова ниво на производство, рече министерот.
Според него, исклучително добриот квалитет на пченицата е прифатлив за мелничко-пекарската индустрија, а и стоковите резерви се полнат со домашна пченица.
– Оваа година имаме сериозно добар квалитет, кој е прифатлив за нашата мелничко-пекарска индустрија и тоа значи дека веќе нема потреба оваа година да бидеме зависни од увоз. Направивме напори стоковите резерви да ги полниме со домашна пченица, а за наредната година ќе интервенираме токму во жетвата кога ќе се учествува во регулација на откупната цена, рече Трипуновски.