Бурни реакции од јавноста по најавите дека малите пратки од странство ќе се оданочуваат.

Владата го достави до Собранието Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ, со кој се укинува ослободувањето од плаќање ДДВ при увоз на мали пратки до 22 евра, испорачани од странство кон домашни примачи, а потрошувачките велат дека „не е фер“ со оглед дека ќе поскапат пратките од „Тему“ и „Алиекспрес“.

Новите правила ќе значат дека секоја таква пратка ќе мора да мине царинска постапка и да се пресмета ДДВ, што ќе ја зголеми крајната цена и можно е да го намали интересот за вакви нарачки.

Револт, но и досетливи коментари – еве дел од реакциите на социјалните мрежи:

– Значи пратките од Тему и Али сега ке ни ги поскапат. Тоа значи дека ке се иде во пошта да си доплатиш и да си ја подигнеш пратката! Плус додај некои 10 дена дополнително за достава! Да не праиме муабет за PayPal, Wize, Revolt и други сервиси за плаќање и примање на пари! Бевме и ќе си останеме затуцани до максимум!