Швајцарските градови и понатаму се на врвот на списокот на десетте најскапи во Европа кога се во прашање цените на недвижностите, покажаа податоците на „Дојче банк“.

Просечната пазарна цена на квадратен метар стан во центарот на Цирих годинава изнесуваше дури 20,35 илјади евра, поради што тој град се најде на првото место на списокот, пренесува Капитал.ба.

На второ место е Женева со просечна цена од 18,7 илјади евра по квадрат, додекак Лондон е на трето  место со 17,81 илјади евра за квадрат.

Следат Париз, Минхен и Луксембург, кои исто така се наоѓаат на врвот на скалата на најскапи пазари на недвижности во Европа.

Во групата градови со малку пониски, но и понатаму високи цени се Стокхолм, Виена, Амстердам и Осло.

Тие податоци јасно покажуваат дека западна и северна Европа и понатаму се најскапио пазари на недвижности, со посебно изразен раст на цените во Швајцарија и Велика Британија.