Во август, во земјава најмногу туристи дошле од Турција, вкупно 49.093, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Втора земја од каде што редовно доаѓаат туристи е Србија со 10.309, а трета е Романија со 5.202 туристи. Традиционално, и овој август бројни биле и туристите од Холандија, од каде што дошле 5.075.

Статистика покажа дека во август бројот на туристи изнесувал 226.179, кои оствариле 846.221 ноќевање. И овој месец побројни се туристите од странство, кои сочинуваат 52 % од вкупниот број, а остатокот од 48 % се домашни туристи.

Поголем број ноќевања оствариле домашните туристи или 73,4 %, а странските туристи направиле 26,6 % од ноќевањата. Тоа покажува дека странците помал број денови се задржуваат во земјава.

Според податоците за периодот јануари – август 2025 година, во однос на тој период лани, вкупниот број на туристи е зголемен за 6,8 %, односно има намалување кај домашните туристи за 1,4 %, а кај странските има зголемување за 11,6 %.

Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на тој период лани, вкупниот број ноќевања бил зголемен за 1 %, така што кај домашните туристи има намалување за 4 %, а кај странските има зголемување за 8,1 %.