Во најновиот извештај ММФ благо ги спушти прогнозите за глобалниот раст на 3,2 проценти годинава и 3,1 в година, што е намалување од 0,2 насто од претходниот октомври…

Македонската економија годинава ќе порасне 3,4, а следната 3,2 насто, прогнозира Меѓународниот монетарен фонд. Нашата економија, заедно со Албанија и Косово ќе бележи највисоки стапки на раст во регионот.

Според ММФ, инфлацијата до крајот на годината ќе изнесува 3,9, додека следната 3 проценти. Пониски цени можат да се очекуваат дури во 2030-та, кога инфлацијата ќе се стабилизира и ќе се спушти до 2 насто. Во најновиот извештај ММФ благо ги спушти прогнозите за глобалниот раст на 3,2 проценти годинава и 3,1 в година, што е намалување од 0,2 насто од претходниот октомври.

Причини-високите царини наметнати од американскиот претседател Трамп и различните трговски договори со некои земји.