Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,93%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,614 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 36,047 ден/кг.
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 73,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 75,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) – 67,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 66,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 36,047 (денари/килограм)