Министерството за финансии на САД воведе санкции врз руските нафтени гиганти Роснефт и Лукоил, предизвикувајќи глобална реакција. Кина вчераутро порача дека „се спротивставува на санкциите на САД“, но попладнето донесе драстична одлука.
Кинеските државни нафтени компании ПетроКина, Синопек, ЦНООК и Женхуа Оил ја прекинаа набавката на руска нафта по море откако САД воведоа санкции врз Роснефт и Лукоил – двете најголеми нафтени компании во Русија, дознава Ројтерс од свои извори.
Рафинериите во Индија, најголемиот купувач на руска нафта, исто така се подготвуваат значително да го намалат увозот од Москва за да се усогласат со мерките на САД. Остриот пад на побарувачката од двата најголеми купувачи на Русија сериозно ќе ги погоди приходите од нафта во Русија и ќе ги принуди големите глобални увозници да бараат алтернативни извори на снабдување, што би можело да ги зголеми глобалните цени.
Европската Унија додаде две кинески рафинерии со вкупен капацитет од 600.000 барели дневно, вклучувајќи ја и „Чајнаоил Хонг Конг“, трговска гранка на „ПетроКина“, на својата листа на санкции против Русија, објави „Ројтерс“ претходно во четврток.
Се работи за рафинериите „Лиаојанг Петрохемикал“ и „Шандонг Јулонг Петрохемикал“. Санкционираните погони сочинуваат околу 3 проценти од вкупниот капацитет за рафинирање на Кина, што е 19 милиони барели дневно.