Лоренс Вонг вели дека светот се соочува со голема транзиција која ќе трае цела една декаде. САД се повлекоа од лидерството, друг не може да ги замени.

Сингапурскиот премиер Лоренс Вонг повика на итна акција за промовирање на либерализацијата на трговијата и заштита на глобалните заеднички интереси, предупредувајќи ги светските лидери дека претстои „хаотична“ транзиција кон постамерикански поредок.

Во интервју за „Фајненшeл тајмс“, тој рече дека големата транзиција може да трае една деценија.

„Нема сомнение дека ќе биде хаотична и непредвидлива бидејќи Америка се повлекува од својата улога на глобален осигурител, без друга земја способна или подготвена да ја пополни празнината“, рече тој.