Македонската берза соопшти дека на 27 октомври 2025 година го избришала издавачот Стопанска банка АД Битола од Листата за набљудување, поради завршување на постапката за преземање на друштвото.

Според соопштението од Берзата, Стопанска банка АД Битола беше внесена на Листата за набљудување на 21 мај 2025 година, согласно член 61-а од Правилата за котација, поради објавената намера за преземање на друштвото.