Британската Влада во потрага по дополнителни приходи, размислува за воведување данок за електрични возила, со цел праведно финансирање на патната инфраструктура во споредба со бензинските и дизел автомобилите.
„Во цената на гориво постои ставка за патиштата, но од електричните возила не се наплаќа ништо за патната инфраструктура. Сакаме поправеден систем за сите возачи“, вака портпарол на британската влада ја објасни мерката.
Од овој данок, Британија проектира наплата на околу 1,8 милијарди фунти годишно до почетокот на 2030-тите.
Исланд и Нов Зеланд веќе воведоа данок по километар за електрични возила.