Hа валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути малку се зголеми.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово зајакна за 0,1 процент, на 99,64 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна за 0,35 проценти, на 153,95 јени.

Сепак, американската валута стагнира во споредба со европската, па цената на еврото е околу 1,1565 долари, колку што беше во петокот навечер.
Цените на нафтата, од друга страна, надоместија дел од загубите од минатата недела, кога паднаа за околу 2 проценти. На лондонскиот пазар, цената на барелот утрово се зголеми за 0,88 проценти, на 64,20 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,97 проценти, на 60,35 долари.