Регулаторната комисија за енергетика, ја објави новата цена на горивата која ќе важи од вечерва на полноќ.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 0,5 денари, и од утре ќе се продава по цена од 74,5 денари по литар. Исто за 0,5 денари се зголемува и цената на ЕУРОСУПЕР 98+, и од утре ќе се продава по цена од 76,5 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 1 денар, и ќе чини 72 денари по литар.

Цената на екстралесното масло за домаќинство нема да се промени, и ќе се продава по цена од 69,5 денари. Цената на мазутот се намалува за 0,5 денари, и ќе изнесува 36,4 денари по килограм.