Европските бизниси очекуваат ефектите од американските царини и трговските тензии да бидат значително полоши во 2026 година отколку во 2025 година, кога ефектите беа ублажени од претходните нарачки, покажа анкета на BusinessEurope.

Според анкетата, трговските тензии би можеле да го намалат бруто домашниот производ на Еврозоната, Европската Унија и пошироката група европски земји за околу 0,03 проценти во 2025 година. Сепак, веќе во 2026 година се очекува пад помеѓу 0,5 и 0,6 проценти, при што Еврозоната ќе биде најпогодена, објавува Ројтерс.

Анкетата е спроведена меѓу 36 национални бизнис федерации низ ЕУ, но и во земји кои не се членки како што се Велика Британија, Швајцарија, Турција и Украина.

Наодите анкета на BusinessEurope се во согласност со проценката на Европската централна банка (ЕЦБ), според која ефектот од царините и неизвесноста врз растот на еврозоната би можел да биде околу 0,7 проценти во периодот од 2025 до 2027 година, пренесува Бизнис.рс.