Цената на какаото бележи драматичен раст од почетокот на годината, зголемувајќи се за 70 отсто на светските берзи. Овој пораст доаѓа како резултат на сериозните проблеми во производството во Западна Африка, регион кој обезбедува повеќе од 60% од глобалното производство на какао.

Падот на приносите, болестите што ги зафатија насадите и лошите временски услови создадоа недостиг на суровина, што дополнително го засили притисокот врз цените. Производителите и преработувачите веќе се соочуваат со повисоки трошоци, а експертите предупредуваат дека растот може да се одрази и врз малопродажните цени на чоколадата и другите производи на база на какао.

Финансиските аналитичари најавуваат дека нестабилноста на пазарот би можела да продолжи и во следните месеци доколку условите за производство не се подобрат.