Народната банка на Србија добила опомена поради потенцијална можност за воведување на таканаречени секундарни санкции, а во врска со Нафтената индустрија на Србија (НИС).
Гувернерката на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, изјави дека оваа опомена е прифатена со сериозност. „Самиот поим за санкции не звучи добро.
Се надевам дека нема да има такви санкции бидејќи тоа би значело блокирање на сите плаќања“, потенцираше Табаковиќ.
„За нас, тоа е сериозна закана и го сфаќаме ова предупредување многу сериозно“, рече таа.
Табаковиќ додаде дека Народната банка на Србија не добила поконкретно разјаснување за тоа што точно би подразбирале тие секундарни санкции.