„Дебатата за односот кон Русија не се води само во АфД, туку и во ЦДУ, особено околу можниот (повторен) увоз на руски енергенти“, анализира DW.

Премиерот на Саксонија, Михаел Кречмер, изјави дека Германија треба да ја разгледа можноста за продолжување на испораките на енергија од Русија, со цел да се обезбедат достапни цени за Европа. Тој смета дека Русија треба „долгорочно повторно да стане трговски партнер, без создавање нова зависност“. објави.

Кречмер веќе порано се залагал за поблиски односи со Русија, но неговите ставови се критикувани од партискиот колега Родерих Кизеветер, кој нагласува дека Русија секојдневно бомбардира украински домови и инфраструктура, па таквите изјави се контрапродуктивни и опасни за безбедноста.

Раководството на ЦДУ и германската влада досега одбиваат било какво приближување кон Русија, истакнувајќи дека само Москва може да ја запре војната во Украина. Пред конфликтот, Русија беше важен снабдувач на енергенти за Германија, но денес увозот на руски гас и нафта е стопиран, а ЕУ планира да го укине целосно до 2027 година.