Минималната сума што треба да се инкасира на сметките на вработените треба да изнесува 18.141 денар или околу 300 евра во приватниот сектор, во јавниот сектор износот е 12.372 денари или околу 200 евра. Законски, најмалку 40%, а најмногу 100% од просечната исплатена нето-плата во земјата…

Законската обврска за исплата на регрес започна на 1-ви јули и ќе трае до 31-ви декември, до крајот на годинава. Над 600.000 вработени треба да го добијат популарното К-15.

На околу 137.800 вработени им е исплатен регресот во просечен износ од 24.290 денари, а според податоците на УЈП, над 11.000 работодавци ја исполниле обврската заклучно со октомври.

Минималната сума што треба да се инкасира на сметките на вработените треба да изнесува 18.141 денар или околу 300 евра во приватниот сектор, во јавниот сектор износот е 12.372 денари или околу 200 евра. Законски, најмалку 40%, а најмногу 100% од просечната исплатена нето-плата во земјата.

Компаниите од година на година се сè подисциплинирани во исплатата на регрес-велат од ССМ. Добро ситуираните компании исплаќаат и трипати повеќе од законски предвиденото, но има работници кои минатата година не добиле воопшто.

Државниот инспекторат за труд ја следи исплатата на регрес, па за прекршителите на законот ќе следуваат казни.

За одговорно лице во правно лице казните се од 150 до 400 евра, а за работодавец физичко лице (трговец поединец) 250 евра.