До крајот на годината обврска на сите приватни компании е да исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени. Законскиот минимум за оваа година е 18.141 денар.
Согласно законот, минималната сума за исплата на регрес за годишен одмор, се утврдува на 40 отсто од просечната тримесечна исплатена плата.
Компаниите можат да утврдат и повисок износ на регрес за годишен одмор, но и понизок доколку имаат потешкотии во работењето, односно се во загуба, под услов на тоа да се согласи синдикатот во компанијата. Доколку компанијата нема формирано синдикат, согласноста треба да се потпише со претставник на вработените.
Оваа година К-15 во јавниот сектор регресот е утврден на сума од 12.372 денари.