Просечната бруто плата пресметана во септември 2025 година изнесувала 150.947 динари, (1,286 евра) додека просечната нето плата без даноци и придонеси изнесувала 109.147 динари, (930 евра) објави денес Републичкиот завод за статистика.

Растот на бруто платите во периодот јануари-септември 2025 година, во споредба со истиот период минатата година, номинално изнесувал 11,2 проценти, односно реално 6,6 проценти, додека просечната нето плата била повисока за 11,1 процент номинално, односно реално 6,5 проценти.

Во споредба со истиот месец од претходната година, просечната бруто плата за септември 2025 година е номинално повисока за 13,7 проценти, а реално за 10,5 проценти, додека просечната нето плата е номинално повисока за 13,6 проценти, односно реално 10,4 проценти.