Последните информации се дека одлуката е потпишана и дека пензионерите веќе нема да добиваат линеарно зголемување на пензиите, туку согласно процентите утврдени со Законот кој што претходно важеше, изјави Мицкоски.

Уставен суд веќе донел одлука за укинување на законската одредба за линеарно зголемување на пензиите и веќе од наредниот месец најголемиот број од пензионерите ќе добиваат помали пензии. Ова на собраниска говорница денес го изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски. Истовремено, Мицкоски рече дека наводно, Уставниот суд ќе ја укине и одредбата за платите на судиите и обвинителите, со што нивните примања енормно ќе се зголемат.
Пензиите денеска на седницата за пратенички прашања беа меѓу централните теми. Така, пратеничката од СДСМ Јованка Тренчевска, алармираше дека се потрошени парите во Буџетот предвидени за трансфери до ПИОМ, поставувајќи прашање од каде тогаш ќе се исплаќаат пензиите.

Што се однесува до линеарнот зголемување на пензиите, Мицкоски рече дека одлуката веќе била донесена и поптишана, за што своите стрели, ги упати најмногу кон уставната судијка Добрила Кацарска, иако не го спомена нејзинот име, која пред Уставниот суд ја иницираше постапка за оцена на уставноста на поселдните законски измени со кои пензионерите добија по илјада денари линеарно зголемување во септемри, а исто толку треба и во март идната година. Мицкоски „таа судијка“ на нарече „архетип на неправдата“.

„Последните информации се дека одлуката е донесена, дека е потпишана од нејзина страна и дека пензионерите веќе нема да добиваат линеарно зголемување на пензиите, туку согласно процентите утврдени со Законот кој што претходно важеше“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека „поради оваа иницијатива на оваа судијка која што е дел од Уставниот суд“ тоа подразбира дека 70 проценти од пензионерите ќе добиваат помала пензија од следниот месец.