Граѓански обврзници од третата емисија, за која што Министерството за финансии го објави Проспектот може да се запишат во сите деловни банки во земјава.
-Граѓаните коишто сакаат да запишат обврзници и да учествуваат на аукцијата тоа може да го направат во филијалите на банките ширум земјата. Рокот за запишување на обврзници од оваа емисија е до 10 декември 2025 година, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.
Граѓаните може да запишат минимален износ од 10.000 денари, односно со купување на една обврзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари. Граѓанската обврзница е со рок на доспевање 2 години, а каматната стапка е 4,5 отсто годишно. Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година. Каматата за првата година достасува за исплата на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година.