Комерцијална банка и Боренка ја продолжуваат традицијата за грижа за природата и за создавање зелена иднина. Околу 100 волонтери, меѓу кои и вработени од Банката засадија 5.000 нови дрвца во Гоцева Шума, Неготино.
Како „Зелен поборник“, Комерцијална банка преку оваа соработка ѝ подарува на природата по едно дрво за секој нов клиент до 29 години кој е корисник на Zipp пакетот за млади. Така, заедно со клиентите, виртуелната шума на Комерцијална банка расте секој ден, а со акциите за пошумување станува вистинска шума со илјадници нови засадени стебла.

Комерцијална банка е горда на својата соработка со Сојузот на извидници на Македонија, со кои не само што пошумуваме туку и ја подигаме свеста, особено кај децата за поголема грижа за животната средина. Со нив се дружи и нашата Верверичка, која ги учи децата зошто шумата значи живот.