Многу компании од одбранбената индустрија, според СИПРИ, ги прошириле производствените капацитети, дел изградиле нови фабрики, основале подружници или купиле конкурентски компании, сè со цел да ја задоволат побарувачката

Додека приходите од САД се зголемени само умерено, а продажбата во Кина е намалена, вкупните приходи на европските компании речиси експлодираа, изјавил активистот за разоружување Александар Лурц за германската новинска агенција ДПА

Воените конфликти и геополитичките тензии го кренаа нивото на вооружување што резултира производителите на оружје во светски рамки да забележат рекордни нивоа на приходи во текот на минатата, 2024 година. Ова го покажуваат податоците на Стокхолмскиот институт за мировни истражувања (СИПРИ), објавени денеска.

Огнено оружје изложено на штанд како дел од саемот во Сана, Јемен, 27 февруари 2024 годинa / Фото: EPA/YAHYA ARHAB

Според истражувањето, стоте нјаголеми светски компании од одбранбената индустрија лани ги зголемиле своите комбинирани проходи од продажба на оружје и воени приходи за 5,9 проценти и изразено во пари, приходите достигнале околу 679 милијарди американски долари, имајќи во редвид и инфлацијата.

Станува збор за највисока бројка досега.

Според податоците на Стокхолмскиот институт за мировни истражувања, побарувачката на оружје е во голема мера поттикната од војните во Украина и во Појасот Газа, како и од зголемените геополитички тензии на глобално и регионално ниво и постојаното зголемување на трошоците за одбрана.

Многу компании од одбранбената индустрија, според СИПРИ, ги прошириле производствените капацитети, дел изградиле нови фабрики, основале подружници или купиле конкурентски компании, сè со цел да ја задоволат побарувачката.

Соединетите Американски Држави (САД) остануваат лидер на пазарот. Вкупно 39 американски компании се меѓу 100-те најголеми производители на оружје, покажува листата на шведскиот тинк-тенк.

Приходите на американските компании, лани пораснале за 3,8 проценти, односно на 334 милијарди долари, што е околу половина од вкупните светски приходи. На врвот на листата е компанијата „Локид Мартин“ (Lockheed Martin),  а по неа следат Ар-ти-екс (RTX) и „Нортроп Груман (Northrop Grumman).

Компанијата „Спејси икс“ (SpaceX) на најбогатиот човек во светот, Елон Маск, се најде на листата за прв пат и се наоаѓа на 77. место. Нејзините приходи во делот на одбраната се зголемени за повеќе од двојно, односно на 1,8 милијарди долари, соопшти СИПРИ.

Низ цела Европа, не вклучувајќи ја Русија, продажбата на оружје лани се злолемила за 13 процентим, односно на 151 милијарди долари. Силната побарувачка, според истражувањето, е поттикната од војната во Украина и растечкото перципирање на Русија како закана воена закана.

На листата на СИПРИ се најдоа четири германски компании, кои, според приходите, котираа во првите сто. „Рајнметал“ (Rheinmetall) се наоѓа на 20. Место, „Тисенкруп“ (ThyssenKrupp) е 61., „Хнесолт“ (Hensoldt) е веднаш за неа, на 62. Место, а  „Диал дифенс“ (Diehl) е на 67. Место. Четирите компании заедно бележат зголемување на приходите од 36 проценти или 14,9 милијарди долари.

Руската инвазија на Украина, исто така, ги зголемува приходите на одбранбените компании од двете страни во конфликтот.

Украинскиот производител на оружје „Укроборонпром“ (Ukroboronprom) забележала зголемување наљ приходите од 41 процент, односно на три милијарди долари.

Во исто време, приходите на руските компании „Ростек“ и „Јунајтед шипбилдинг корпорејшн“ се зголемиле за 23 проценти, односно на вкупно 31,2 милијарди долари и покрај санкциите и недостигот на делови, при што потребите на руската војска го компензираа падот на продажбата во странство, открива извештајот на СИПРИ.

Приходите на израелските одбранбени компании, исто така, бележат пораст, и покрај меѓународните критики за војната во Појасот Газа.

Трите израелски компании кои се на листата забележале зголемување на нивните комбинирани приходи за 16 проценти, односно на 16,2 милијарди долари. Истовремено интересот за израелските одбранбени системи останува доста силен и голем број држави ги нарачувале и во 2024 година, вели истражувачката на СИПРИ, Субаида Карим.

Тинк-тенкот, исто така, посочува и на растечките предизвици со кои се соочува Европа во своите напори за вооружување, особено во набавката на материјали потребни за производство на оружје.

Принтскрин од листата на производители на оружје на Стокхолмскиот институт за мировни истражувања (СИПРИ)

Истражувачката Жад Гиберто Рикард предупреди дека зависноста од критични минерали може да го забави европското производство, со оглед на тоа што голем дел од овие суровини доаѓаат од Кина, која има монопол врз рудниците од каде се вадат овие суровини.

Сепак, одбранбената индустрија на Кина се свои тешкотии. Серијата обвинувања за корупција во процесот на набавка на оружје од страна на Кина доведоа до одложување или откажување на големи договори во 2024 година, вели експертот Нан Тиан.

Затоа, приходите од одбранбената индустрија на Кина се намалени за 10 проценти. Азија и Океанија, и покрај значителното зголемување во Јапонија и Јужна Кореја, забележале вкупен пад од 1,2 проценти, односно на 130 милијарди долари, што ги прави единствениот регион во светот со пад на продажбата на оружје.

Невладината организација за животна средина „Гринпис“ соопшти дека податоците покажуваат јасна промена во производството на оружје кон Европа.

Додека приходите од САД се зголемени само умерено, а продажбата во Кина е намалена, вкупните приходи на европските компании речиси експлодираа, изјавил активистот за разоружување Александар Лурц за германската новинска агенција ДПА.

„Европа сè повеќе станува глобално жариште за вооружување“,

вели тој, додавајќи дека рекордните трошоци за одбрана покажуваат дека светот никогаш не се движел побрзо во погрешна насока.

Според него, „безбедноста и мирот нема да дојдат на овој начин“.

Инаку, СИПРИги следи глобалните приходи од оружје од 1989 година, а почна да вклучува податоци од кинески компании во 2015 година.

Тинк-тенкот ги проучува сите продажби на тешко оружје и воени услуги на вооружените сили во матичната земја на компанијата или во странство.