Групацијата Прада денеска објави дека по шест месеци чекање за регулаторно одобрување, го купила Версаче, а тој договор е вреден 1,25 милијарди евра.

Извршен претседател на куќата ќе биде Лоренцо Бертели, наследник на Групацијата Прада и раководител на корпоративната општествена одговорност, пишува Вог.

Аквизицијата на модната куќа Версаче се случи во април оваа година, откако компанијата се соочи со сериозни финансиски тешкотии во последните пет години.