Министерството за финансии (МФ) исплати 785 милиони денари кон Развојната банка, како дел од седмата транша за поддршка на домашните компании. Со оваа исплата, државата досега во домашната економија за инвестиции вложила над 200 милиони евра.
Преку претходните шест транши биле пласирани 190,5 милиони евра, а средствата се наменети за поттикнување инвестициски циклус во приватниот сектор.
Средствата се обезбедени по поволни услови од унгарската Експорт-импорт банка и се пласираат кон крајните корисници со каматна стапка од 1,95% годишно, рок на отплата до 15 години и грејс период до три години. Министерството нагласува дека оваа мерка е дел од националната стратегија за поддршка на инвестициите и економскиот раст.