Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, ДА ГО ИСПОЛНАТ СВОЈОТ ДАНОЧЕН ДОЛГ!
Согласно евиденцијата на УЈП, за 1.237 даночни обврзници кои ја немаат подмирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во Годишната даночна пријава за данокот на личен доход („ДЛД-ГДП“) за 2024 година што требаше да се исполни ВО ЗАКОНСКИОТ РОК до 30.06.2025 година им достави опомена. Во следниот период УЈП ќе премине кон присилна наплата на доспеаните неплатени долгови по овој основ што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03% дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата.
ПЛАТЕТЕ ГО ВАШИОТ ДАНОЧЕН ДОЛГ ВЕДНАШ СО НАЛОГОТ ИЗДАДЕН ОД УЈП!
- Најавете се на е-даночни услуги
- Одберете „Годишна даночна пријава“.
- На „Преглед“, кој се наоѓа најдесно во редот на излистаните ГДП одберете ја соодветната даночна пријава (година)
- Одберете „Печати“, кое се наоѓа во долниот десен дел во прегледот на Годишната даночна пријава
- Испечатете ја или точно препишете ја третата страница од документот
ВНИМАВАЈТЕ!
Плаќањето може да се изврши само со налог ПП53, во спротивно уплатата нема да биде евидентирана во системот на УЈП!
Доколку погрешно го напишете фолио бројот во цел на дознака, уплатата нема да биде уредна и прокнижена во УЈП и ќе повлече дополнителни трошоци, административна такса и време за повторна уплата со точниот фолио број.