Повеќе од еден милион работни места останаа непополнети на германскиот пазар на трудот во третиот квартал. Според податоците од Институтот за истражување на трудот и занимањата (IAB), бројот на отворени работни места се намалил за околу два проценти во споредба со претходниот квартал, на 1,03 милиони, пренесува ДПА.
Сепак, во споредба со третиот квартал од минатата година, падот изнесувал 246.000 работни места, или 19 проценти.
Според анализата на Институтот, има 288 регистрирани невработени на секои 100 отворени работни места во Германија. Тоа е 68 лица повеќе за секое отворено работно место отколку во третиот квартал од 2024 година и 11 повеќе отколку во претходниот квартал, пренесува Бизнис.рс.