Оваа година Black Friday 2025 сруши рекорди и ја разниша глобалната трговија. За само еден ден се потрошени 79 милијарди долари онлајн, раст од 6 проценти во однос на 2024. Cyber Monday додаде уште 17.3 милијарди, а целата Cyber недела надмина 52 милијарди глобално. Накратко, интернетот гореше.

Кога ќе ги прочитате тие бројки, лесно е да помислиш дека светот никогаш не бил порасположен за купување. Но бројките и статистиките како и секогаш открија уште една вистина.

Black Friday 2025 – Купуваме помалку, но плаќаме повеќе

Иако оваа година вкупната вредност порасна, бројот на нарачки падна за 2%. Во исто време, просечната вредност по нарачка скокна за 7%. Тоа значи дека луѓето не полнеа кошнички со десет работи како порано. Oдбираа внимателно, купуваа помалку, но секој избор вредеше повеќе. Луѓето не купуваат повеќе. Луѓето купуваат паметно.

Но бројките кријат нешто уште поважно:цените пораснаа,  инфлацијата си го прави своето. Инфлацијата не замина на одмор само затоа што стоеше голем „Black Friday -50%“ банер. Сите го почувствувавме тоа. Од телевизори до зимски јакни, од играчки до телефонски уреди – цените на се беа повисоки.

И тука започнува интересниот дел.

Додека бројките зборуваа за „рекорди“, има еден податок што ја открива вистинската приказна. BNPL (“Buy Now, Pay Later”), или купувањето на рати финансираше поголем дел од потрошувачката од било кога, и тоа се случува насекаде во светот.

Глобалниот херој на Black Friday 2025: Kупување на рати

Купувањето на рати порасна насекаде. Оваа година повеќе луѓе од кога било решија да купат на рати. Затоа што платите што ги земаме не растат толку брзо колку што растат нашите обврски. Затоа што не сакаме празничната магија да ја платиме со јануарска и февруарска грижа.

Светот го прифати овој феномен со раширени раце:

  • Азија Пацифик сега држи 36% од целокупниот глобален приходод купување на рати.
  • Европа расте најбрзо меѓу малите трговци, со 17% раст кај купувањето на рати.
  • Латинска Америка и Блискиот Исток одат со троцифрени стапкии не забавуваат.

Каде и да погледнете, потрошувачите го избраа истото решение: „Ќе купам, ќе си планирам, ќе платам паметно.“ И знаете што се случи кога луѓето конечно добија избор што не ги казнува?

Ониe што плаќаа на рати потрошија 72% повеќе по нарачка од оние што плаќаа однапред. Не затоа што беа непромислени. Туку затоа што чувствуваа контрола. Чувствуваа дека конечно можат да планираат (четири мали рати се полесни од еден голем удар).

А што се случи кај нас во Mint Store?

Во текот на ноември, купувањето на рати победи на сите фронтови. Кратко кажано: каде и да се купува онлајн, Потрошувачите ги делат плаќањата. Во Mint Store го забележавме истиот тренд што Европа, Латинска Америка, и пошироко го забележаа овој ноември:

  • Просечна вредност на кошничка со плаќање на рати: €133.60 (8.222 мкд)
  • Просечна вредност со еднократно плаќање: €56.06 (3450 мкд)
  • Стапка на конверзија кога се нуди плаќање на рати: глобален раст од 68%

Ова не е маркетиншко преувеличување – ова се реални податоци од нашите клиенти. И тие ни кажуваат една работа. Луѓето сакаат слобода. Сакаат флексибилност, и сакаат свој ритам на плаќање што не им го руши буџетот по празниците.

Значи, не е точно дека потрошувачите се „немаат пари“. Вистината е многу поедноставна: Потрошувачите сакаат контрола, а ратите ја даваат токму таа контрола.

Зошто сето ова е толку важно?

Замислете: едно просечно семејство во Македонија во декември би потрошило од буџетот за:

  • Подароци за децата.
  • Tехника за дома.
  • Нова јакна (за децата, за родителите).
  • Можеби телефон за подарок.

Трошоците растат, и секогаш растат баш кога сакате да создадете убави моменти. Токму затоа ја изградивме Mint Store спрема потребите на нашите клиенти: 0% камата на производи купени на 4 рати, без скриени трошоци, инстант одобрувања, и планови скроени според вашите потреби и планови. 

Mint Store е тука да ви понуди можност да го купите тоа што го сакате, но да го плаќате така што нема да го почувствувате како дополнителен товар.

Mint Store – Иднината на онлајн купувањето 

Black Friday 2025 покажа една работа јасно: иднината на купувањето не е „плати сега“ или „не купувајте“. Иднината е платете како што Ви одговара. А рекордната потрошувачка оваа година всушност беше прослава на контролата кај потрошувачите – овозможена од купувањето на рати.

Доколку се уште го барате вистинскиот подарок пред празниците, разгледајте ги нашите акциски понуди и поделете ја секоја нарачка на лесни плаќања. Без камата (на 4 рати), без трикови. Зашто најпаметниот начин да се победи празничната сезона во 2025 (и 2026) не е да трошите помалку, туку да трошите попаметно.