Од една страна нема доволно работна сила, од друга страна сè уште има висок број невработени. Зошто работниците не можат да најдат работа и која е причината што компаниите остануваат без вработени? Експертите на денешна трибина дебатираат за пазарот на труд и како до достоинствена работа за праведно општество…
100 илјади работници работат без договори и се дел од сивата економија во земјава. Пазарот на трудот, невработеноста, сивата економија, социјалниот дијалог и трудовата реформа се предизвиците со кои се соочува нашето општество. Следната година ќе биде година на трудови реформи со сет законски измени.
Според бројот на трудови инспектори и компании еден инспектор може да контролира еден работодавач на пет години. Апелираат дека кадарот треба двојно да се зголеми. Но, велат треба да се зголемат и казните, бидејќи 50 насто од прекршителите се повторуваат.
Незадоволството од платите, дел од работниците ги принудува на втора работа што ја подгрева сивата економија.
Работодавачите бараат олеснување во делот на придонесите.
Сè додека нема нов договор помеѓу работодавачите и работниците, ќе важи стариот- вели заменик-министерот, Ристески.
Законските измени се во насока на усогласување со европската регулатива.