Руската економија е стабилна и покрај предизвиците, а инфлацијата во земјата ќе биде помеѓу 5,7 и 5,8 проценти до крајот на оваа година, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин на својата годишна прес-конференција.
Тој потсети дека целта била да се намали инфлацијата на најмалку шест проценти, но дека сегашните индикатори укажуваат дека таа ќе биде дури и пониска од тоа ниво до крајот на годината.
Путин истакна дека забавувањето на економскиот раст на Русија на околу еден процент во 2025 година е цената што државата ја плаќа за да го зачува квалитетот на економијата.