Цената на бензините од вечерва на полноќ се намалува, додека цената на дизелот останува непроменета, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1 денар, и од утре ќе се продава за 70 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ се намалува исто за 1 денар и ќе се продава за 72 денари по литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ останува непроменета – 64,5 денари по литар.
Екстралесното масло за домаќинство ќе има пониска цена за 2 денари, и од утре ќе се продава за 63,5 денари по литар. Цената на мазутот останува непроменета, 32,6 денари по литар.