И платите и пензиите ќе се покачат во претстојната 2026 година. Сега за сега, сигурно е само редовното усогласување.
Министерот за економија Бесар Дурмиши вчера потврди дека минималната плата во март, со редовното усогласување, ќе се зголеми за 1500 до 2000 денари, точно ќе се знае по Нова година.
Следната година ќе има раст и на пензиите имајќи предвид дека просечната плата природно ќе се зголемува.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска неодамна рече дека согласно сегашните пресметки се очекува во март да порастат пензиите за илјада денари, а за септември дополнително Владата ќе одлучи дали зголемувањето ќе биде линеарно.
Минималната плата изнесува 24.397 денари.