На Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, ученици и наставници од средните училишта започнаа изработка на бизнис-планови за отворање реални училишни компании. Денеска таму почна дводневен хакатон, а учесниците работат под менторство на професори и студенти од факултетот.

Целта е учениците да добијат повеќе практична настава и претприемачки вештини, а со новиот модел, училиштата ќе можат да станат самоодржливи. Во моментов има седум регионални центри за средно стручно образование низ државава, а до крајот на 2027 година ќе биде отворен и осмиот – последен, кој ќе биде во Скопје.