Непријатна новогодишна честитка за граѓаните. Од први јануари поскапува струјата. Во зависност од тоа во кој блок се, потрошувачите ќе добијат повисоки сметки од 57 до 900 денари. Удар по џебот и за најштедливите. Евтината струја добива повисока цена…
Струјата поскапува од јануари, од 2,45 проценти во првиот тарифен блок до 3,84 проценти во четвртиот. Есапот на Регулаторот покажува – за оние кои најмалку трошат, сметките во просек ќе се зголемат за 57 денари месечно. Во првиот блок се 85% од граѓаните. За оние кои трошат најмногу и се во четвртиот блок, сметките ќе пораснат и до 900 денари. Но, поскапува и евтината струја за 2,5 проценти.
Поскапувањето на струјата ќе биде нов удар врз џебот на граѓаните, покрај секојдневните поскапувања на храната, велат тие.
Во однос на месечниот надоместок од 200 денари што се пресметува на сметките на струја, Регулаторот останува на ставот дека тој е неопходен, бидејќи ако се укине, тоа ќе се одрази на зголемувањето на цената на струјата за блоковите.
За да се избегне ценовен шок за граѓаните, Владата останува со субвенционирање на цената на струјата за домаќинствата.
Од Регулаторна посочија дека универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, кој сега добива поскапа струја од ЕСМ барал покачувањето да биде уште поголема.