Во 2024 година, стапката на сиромашни лица изнесуваше 21,9 проценти, или секој петти граѓанин е сиромашен, извести Државниот завод за статистика (ДЗС) врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија. Државниот завод ги пресмета таканаречените лаекенски индикатори за сиромаштија, а основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, при што прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 проценти од медијалниот еквивалентен приход. Така, праг на сиромаштија за самечко домаќинство е годишен приход од 178.286 денари, а на двајца возрасни со две деца под 14 години е 374.000 денари.

Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2024 година е 17,1 проценти. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 7,9 проценти, додека стапката на сиромашни пензионери е 12 проценти. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 29,1 проценти.

Податоците покажуваат дека ссостојба кај семејствата со три и повеќе издржувани деца е уште полоша и изнесува дури 54,8 проценти!

Стапката на сиромашни пензионери изнесува 12.0 %