Благодарение на договорите за слободна трговија што Европската Унија ги склучи со трети партнери, на овогодишните божиќни трпези на Европејците се најдоа некои прехранбени производи по пониски цени.

Ова уште еднаш потврдува дека она што се случува и одлучува во Брисел влијае и на она што завршува во плакарите и фрижидерите и на трпезите на жителите на ЕУ.

Така, благодарение на договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Нов Зеланд од 2024 година, Европејците за овој Божик можеа да се сладат со познатото новозеландско овошје киви по пониски цени. Покрај задоволството во консумирањето на кивито, неодминливи се и неговите здравствени бенефити, кои се признати и од страна на Унијата.

Еден друг трговски договор, оној меѓу ЕУ и Чиле, на жителите на Унијата им понуди уште едно овошје од јужната земјина хемисфера по пониска цена. Станува збор за чилеанските цреши, кои од јуни годинава можат да се увезуваат во ЕУ без царина.

Дека тензиите во трговските односи меѓу ЕУ и САД и постигнатиот договор со цел избегнување царинска војна не донесоа само негативни работи, доказ се американските јаткасти плодови. Имено, со споменатиот трговски договор постигнат во август годинава, меѓу производите чиј увоз во ЕУ е либерализиран се најдоа и јаткастите плодови од САД.

Иако не е точно познато што предизвикува дијабетес тип 1, се смета дека тоа е последица од автоимуна реакција, при што телото погрешно се брани. А пак, дијабетесот тип 2 честопати е предизвик

На овој начин Европејците можеа да ги збогатат своите божиќни трпези со поевтини американски ореви, бадеми, ф’стаци и останати апетисани.

На крајот за полесно голтање на оваа храна, Европејците може да се послужат со кафе и чај по пониска цена од Кенија, чиј бесцарински увоз во ЕУ е овозможен со договорот за слободна трговија меѓу Унијата и оваа источноафриканска држава.

Жителите на ЕУ ќе можеа овој Божик да јадат и поевтино говедско и живинско месо и да ги засладуваат своите слатки со шеќер по пониски цени, но тоа им беше оневозможено поради одлагањето на потпишувањето на договорот за слободна трговија меѓу Унијата и државите од асоцијацијата на јужноамериканскиот заеднички пазар Меркосур.

На инсистирање на Италија и Франција, потпишувањето на договорот што требаше да се случи минатиот викенд во Бразил е одложено начелно за втората половина на јануари 2026 година.

А причината за одлагањето беше да се даде повеќе рок за да се уверат европските земјоделци дека со овој договор пазарот на ЕУ нема да биде преплавен со евтино говедско и живинско месо од Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај.

Доколку договорот, сепак, биде склучен како што е предвидено, Европејците ќе може да се сладат со поевтино говедско месо и живина веќе од следниот Божик.

Прекинато е производството во фабрика за преработка на месо во западниот регион Темиш во Романија, откако се регистрирани 56 работници заразени со вирусот Ковид-19, пренесува агенцијата Агерп

Но, од друга страна, некои одлуки на Брисел резултираа и со поскапување на некои прехранбени производи на европскиот пазар.

Тоа пред сè се однесува на житните култури и маслодајните растенија од Русија и Белорусија, кои од минатата година се подложени на повисоки царина.

Покрај ова, како резултат на антидампинг мерките на ЕУ за увозот на мононатриум глутаматот (МСГ) од Кина и Малезија, Европејците останаа ускратени да уживаат во умами вкусот за помалку пари. Имено, МСГ е состојка што се додава во сосови, закуски и готови оброци за да го зајакне умами вкусот.

Умами се смета за петтиот основен вкус по слаткото, киселото, соленото и горчливото и може да се почувствува во чадени сирења, сувомеснати производи или соја сос и за него се вели дека и додава „длабочина и сочност“ на храната.Ова е уште еден доказ како геополитиката и геоекономијата може „да се протнат“ и во оставите со храна.

Од друга страна, пак, исто така благодарение на трговските договори, жителите на Јапонија, Јужна Кореја и Канада можат да уживаат во европските сирења, чоколада и вина по пониски цени.