И ако предновогодишно се пребриме , не е голема филозофија-сиромашни сме.

Најизразен ризик од сиромаштија е забележан кај децата и кај младите до 17 години, каде што стапката достигнува високи 29,5 проценти. Особено алармантна е состојбата кај самохраните родители – речиси секое второ такво домаќинство живее под прагот на сиромаштија, односно 45,8 проценти. Сите податоци се добиени од анкетата за приходите и за условите за живеење, која се спроведува според методологијата и препораките на Европската Унија. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, вели дека е веќе надмината дебатата за минимална плата од 500 евра и дека треба да се отвори сериозна дискусија за износ од 600 до 700 евра.

Тој осврнувајќи се на поделеноста на синдикатие , сепак е оптимист и вели дека   ако не се покачи минималецот и предупредува дека 12.500 македонски работници добиле работни дозволи во Хрватска, нешто што треба да ги загрижи домашните компании и Владата .новата година почнува со протрсти и штрајкови.

Стапката на сиромаштија во Македонија во 2024 година изнесувала 21,9 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, објавени врз основа на лаекенските индикатори за сиромаштија. Најизразен ризик од сиромаштија е забележан кај децата и кај младите до 17 години, каде што стапката достигнува високи 29,5 проценти. Особено алармантна е состојбата кај самохраните родители – речиси секое второ такво домаќинство живее под прагот на сиромаштија, односно 45,8 проценти.

Кај возрасната популација од 18 до 64 години, како и кај лицата над 65 години, стапките на сиромаштија се пониски, но родовите разлики остануваат присутни. Жените се посилно погодени, особено во повозрасната група, каде што сиромаштијата изнесува 20,7 проценти, наспроти 19,5 проценти кај мажите.

Според економскиот статус, сиромаштијата не ги заобиколува ниту вработените. Кај лицата со работа, стапката на сиромаштија во 2024 година изнесува 7,9 проценти, што го потврдува постоењето на феноменот „сиромашни вработени“ – лица што и покрај редовниот ангажман не остваруваат доволни приходи за пристоен животен стандард. Кај пензионерите, стапката е повисока и изнесува 12 проценти, што укажува на зголемена ранливост, особено во услови на растечки трошоци за живот.

Анализата според типот на домаќинства покажува значителни разлики. Најранливи се самечките домаќинства и оние со издржувани деца. Освен самохраните родители, висок ризик од сиромаштија е забележан и кај домаќинствата со двајца возрасни и три или повеќе деца, каде што 54,8 проценти од членовите живеат под прагот на сиромаштија.

Кај семејствата составени од двајца возрасни и две издржувани деца, стапката на сиромаштија изнесува 17,1 процент. За оваа категорија, прагот на сиромаштија е утврден на 374.400 денари годишно, односно околу 6.100 евра. Тоа значи дека едно четиричлено семејство месечно треба да располага со најмалку 31.200 денари за да не се смета за сиромашно.

Податоците покажуваат и умерено ниво на нееднаквост во распределбата на приходите. Џини-коефициентот во 2024 година изнесувал 29,1 процент и претставува важен индикатор за социјалната кохезија во земјата.

Сите податоци се добиени од анкетата за приходите и за условите за живеење, која се спроведува според методологијата и препораките на Европската Унија. Прагот на сиромаштија е дефиниран како 60 проценти од медијалниот еквивалентен приход на домаќинствата.

Моќта е во работниците и нивната бројност организирани во ССМ. Сите работници кои сметаат дека имаат ниска плата, кои сметаат дека платата не им е соодветна на трудот кој го вложуваат, кои сметаат дека работодавачите не ги ценат доволно или ги потценуваат, а не можат сами да го променат тоа треба да ни се придружат, поралува лисдерот на ССМ Трендафилов

-Ги повикуваме работниците да ни дадат што е можно поголема поддршка во наредниот период за следните чекори кои ќе ги направиме.

Доколку аргументите не се слушаат, ССМ ќе биде принуден, заедно со работниците, да премине на следните синдикални чекори, вклучително и протести и штрајкови.

  • Синдикатите не треба да бидат ниту на власта, ниту во опозиција, туку исклучиво на страната на работниците.

ССМ тоа го докажал низ децении, протестирајќи и штрајкувајќи против секоја власт кога биле загрозени работничките права. Тоа го покажавме изминатите години затоа што не е важно ниту кој е на власт, ниту кој е во опозиција.  ССМ протестираше и штрајкуваше и на едните, протестира и штрајкува и на другите, и ќе протестира и ќе штрајкува и на следните секогаш кога работниците ќе го побараат тоа од него.

За жал, постојат обиди за формирање синдикати кои ја релативизираат потребата од зголемување на платите и целосно ја повторуваат реториката на Владата и работодавачите.

Со таков пристап, тешко е да се гради вистинско синдикално единство, а со такви синдикати кои се против работниците  уште потешко се соработува.