„Тоа што молчиме не значи дека не следиме. Веќе во јануари очекувам против два сигурно, а можеби и три такви маркети да отпочнеме жестоки акции“, рече Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски најави жестоки и драконски казни за маркетите што изминатиот период користеле нефер трговски практики. Ова тој го кажа денеска при неговата посета на Општина Карбинци, зборувајќи дека очекува и во декември да продолжи намалувањето на инфлацијата споредено со истиот месец претходната 2024 година.
„Претстојната година очекувам да биде приближно на ниво меѓу два и три проценти што ќе биде пониско од нивото на раст на брутодомашниот производ. Ценам дека внимателната политика на Владата, напуштање на оние политики на воведување мерки, за што знаеме дека еден до два месеци вродија со плод, но во следните месеци тоа се растури и тогаш имавме висока инфлација од четири и пол до близу пет проценти. Сега е веќе под четири проценти, а за следната очекувам да биде меѓу два и три проценти“,
рече тој.
Според него, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и на Комисијата за заштита од конкурентност изминатиот период ја следи работата на неколку маркети и ги анализира нефер трговските практики.
„Очекувам овој или во текот на следниот месец да имаме жестоки драконски казни за маркетите што девијантно се однесуваа и преку условно кажано, маркетинг услуги, истражување на пазарот, наметнуваа давачки што може да се квалификуваат како нефер трговски практики кон производителите и дистрибутерите на произвиди во нивните маркети за да имаат подобро место на рафтовите и на складовите.
Посочи дека состојбата ја следат внимателно и дека овој или следниот месец ќе се преземат конкретни мерки.
„Тоа што молчиме не значи дека не следиме. Веќе во јануари очекувам против два сигурно, а можеби и три такви маркети да отпочнеме жестоки акции“,