ГЕРМАНИЈА ПРЕД ЕКОНОМСКИ ПОТОП: Канцеларот Мерц со морничаво предупредување – „Индустријата умира, државата нема да преживее вака!“

Моторот на Европа е расипан, можеби непоправливо. Германскиот канцелар Фридрих Мерц испрати драматична порака до своите коалициски партнери, во која без влакна на јазикот признава: Германската економија е на работ на колапс.

„Нема веќе разубавување на реалноста“

Мерц истакна дека ситуацијата бара итни и болни одлуки.

„Политичките фрази веќе не помагаат. Состојбата е сериозно нарушена“, стои во пораката.
Најголемиот удар го трпи гордоста на нацијата – индустријата. Клучните сектори (автомобилската и хемиската индустрија) кои со децении беа столб на растот, сега се пред затворање. Кризата ги „коси“ и малите и средни претпријатија, кои масовно банкротираат.

Три години без раст: Цената на „руското развод“

Податоците се поразителни: Германија веќе трета година по ред нема економски раст. Наместо опоравување, се бележи пад.

Главната причина? Скапата енергија. Прекинот на евтиниот руски гас ја направи германската индустрија неконкурентна на светскиот пазар.

Путин: „Сами си го направивте ова“

Рускиот претседател Владимир Путин, коментирајќи ја состојбата во декември, оцени дека Европа (и посебно Германија) плаќа висока цена за прекинот на врските со Москва.

„Не е само гасот. Го загубија рускиот пазар за своите производи, а им се прекинаа и логистичките синџири“, изјави Путин, додавајќи дека ова е трајна состојба на стагнација за Европа.

За Македонија, ова се лоши вести. Секое „кивање“ на германската економија, кај нас значи „пневмонија“ за извозните компании.