Приносите на мед во струмичко од година во година се намалуваат пред сè поради климатските промени. Преку зимата се бара дополнителна заштита а пчеларите бараат нивна вклученост во промена на системот на субвенционирање за да помошта доаѓа кај вистинските производители на мед…

Лошото време негативно ќе се одрази врз пчеларство. Ниските утрински и дневните високи температури бараат дополнителна заштита на пчелните семејства тврдат од „Пчелин рај“ од Струмица. Од таму велат дека од година во година се намалуваат приносите токму заради климатските промени.

Андонов побара вклученост на пчеларските здруженија и задруги во распределба на субвенциите за пчеларите и нивна поголема контрола. Според него треба воведување проектна поддршка, а не субвенции по број на кошници, односно семејства.

Добро упатените тврдат дека последниве години бројот на вистинските пчелари во земјава континуирано се намалува.

Во струмичкиот регион има над 50-тина регистрирани пчелари со околу 2.300 кошници, односно пчелни семејства.