Глoбалната економија во 2026-та година треба да порасне на 3,3 проценти. Во октомври, беше предвиден раст од 3,1 процент…

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) повторно ја зголеми својата прогноза за раст на глобалната економија во 2026-та година. Треба да порасне на 3,3 проценти годинава. Во октомври, беше предвиден раст од 3,1 процент.

ММФ очекува стабилен раст во 2027 година, со стапка од 3,2 проценти.

Според главниот економист на Фондот, може да се каже дека светската економија заздравува од трговските и царинските нарушувања од 2025 година и постигнува подобри резултати од очекуваните.