Во врска со реакциите дека заради технички проблеми во функционирањето на системите на Управата за јавни приходи, даночните обврзници биле оневозможени да поднесат ДДВ-04 пријава за последниот даночен период, ве известуваме дека Управата за јавни приходи тековно превзема активности во рамки на своите надлежности, со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски.
Во таа насока, користејќи ги сите расположливи официјални канали, пред истек на законскиот рок за доставување на ДДВ-04 пријавите, од страна на Управата за јавни приходи:
– објавено е соопштение на официјалната веб страна на УЈП на 23/01/2026 година, со апел до сите даночни обврзници навремено да ги достават потребните документи до своите сметководители и да ја исполнат законската обврска за поднесување и плаќање на данокот на додадена вредност искажан во месечните и тримесечните ДДВ пријави и да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат стрес и дополнителни финансиски трошоци.