Комерцијална банка продолжува да гради одржливо партнерство со Црвениот крст на Република Македонија, со заедничка цел – поддршка на најранливите категории во општеството и создавање услови за поквалитетен живот на децата со попреченост и на нивните семејства.

Преку оваа долгогодишна соработка, Банката како Генерален покровител на проектот „Подобра социјализација на деца и млади со попреченост и психо-социјална поддршка на деца во згрижувачки семејства“, обезбедува финансиска поддршка за социјална интеграција на над 300 деца низ целата земја.

Со овој проект Комерцијална банка придонесува за повеќе детски насмевки, поттикнување самодоверба и чувство на припадност кај децата и младите со попреченост, како и за градење поинклузивно општество.

„Веруваме дека подобрата иднина започнува со грижата за најмладите и најранливите и дека вистинската вредност на успехот се мери преку позитивното влијание што го оставаме зад себе. Затоа остануваме посветени на иницијативи кои градат солидарност и создаваат општество во кое секое дете има можност за учење, развој и напредок“, велат од Комерцијална банка.