Следниот допис стигна во нашата редакција, па го пренесуваме во целост интегрално:
„Денес излезе објавата на општина Охрид, каде се врши распределна на градски пари на таканаречените охридски спортски клубови – читај уиграна машина за пумпање народни пари во џебовите на добро уиграни „играчи“ спортисти кои цел ден се по кафани.
Во прилог е објавата: https://official.ohrid.gov.mk/%d1%80-%d0%b5-%d1%88-%d0%b5-%d0%bd-%d0%b8-%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%83%d1%9f%d0%b5%d1%82%d1%81-2/
Што е смешното и чудното овде? Па прво ќе одиме со фактот дека Охрид нема ниту еден клуб или поединец што направил некаков посериозен спортски успех. Ако има таков, нека се пријави еве, пошто ние не знаеме за таков.
Второ, упорно пола милион евра, наши пари на охриѓани, се даваат за некаква си ракометна приказна, која никако да се отсонува, и само се плаќаат срби од шумадија или босанци, за да играат за клубот, без некаков сериозен успех. Пазете, тука се исплаќаат пола милион евра годишно – редовно.
Тоа би било во ред да беше се средено во Охрид, но во Охрид, во моментов 80% од уличињата се пропаднати и раскопани, канализациите враќаат, калој имат на сите страни, човек не може да се движи по тротоари, туризмот опаѓа, урбан хаос владее и УНЕСКО ни го одзема во моментов статусот.
Е, ама по милион и сто илјади евра се даваат за некакви си измислени спортски клубови и фактички корумпирани ликови.
На крајот на денот, абре што има да се финансираат фиктивни, а и реални да се, клубови со народни пари? Нели клубовите имаат чланарина…Нема јас и ти што да плаќаме за да трча некој таму коруптивен до коска, или за да игра голф. Народот на Охрид да плаќа за некој да тренирал аикидо, таекфондо, или да пловел со суп-даски… абе заболе ме кита… тоа не е од јавен интерес.
Друг проблем тука, мислите дека не знае народот на кого ги давате овие пари? Па сите тие се со години истите кои прават мајмуни од нас, а чекмеџе од вас. Му прднало на некој кретен во Скопје или Охрид и си организира трка. И сега ние му ја финансираме трката со 60-80.000 евра годишно + спонзори од охридските компании за тој да вози џип или да трча во Дубровник или да купува на туѓо име станови.
Чекајте малку другари… не ојт ова веќе вака…
За таа коруптивноста, нека се позанимава МВР, обвинителство и судот… Не знам кој е надлежен… Како оди, најверојатно никој, но мене ме занима мислењето на оваа луда општина што не води, и овие неписмени советници кои креваат рака како мамлази на вакви предлози. Абре луѓе-нелуѓе… и вие живеете во овој Охрид… Како бре не ви пречат сите овие потонати уличиња и сокачиња? Како не ви пречи што канализацијата враќа? Како не ви пречи што се поплавуваме секој поголем дожд? Како не ви пречи Буково и Мауцхер? Па со милион и сто илјади евра, по 5 улици ќе реконструираме годишно.
Затоа во името на многу охриѓани, кои тајно и јавно негодуваат за оваа пљачка, бараме да се ревидираат сите трошења на општината, особено во вакви непродуктивни и коруптивни деанија кои траат со децении. Одговорните лица да лоцираат и процесуираат, парите расипнички потрошени да се вратат. Да се престане со оваа пракса : Регистирај спортски клуб – кој постои само на хартија и љупи општински – народни пари…. Абре кај го има ова другари? Легализирано пљачкање народни пари – под превез на спорт. Секоја година овие силни пари, а немаме ниту еден истакнат спортист, немаме ниту еден прволигашки клуб, за меѓународен успех и да не прам муабет…
Време е да се открие и разбие оваа шема, иста како со културните шеми, иста како со финансирањето на медиуми (партал-портал-вордпресс лајнарници) од општински и средства на јавните претпријатија.
ПС. Толку да ви беше дојдено до спортот, ќе го направевте базенот – кој е друг тежок криминал, ама за тоа друг пат.
Загрижен охриѓанец“