Лидерот на Синдикатот за образование, наука и култура, Јаким Неделков, објави дека платите на вработените во јавниот сектор образование сеуште не се исплатени иако е 17 феврурари и законскиот рок е пробиен.

Тој вели дека изработката на списоците од Министерството за образование била навремена и дека од Министерството за финансии добил информација дека наскоро ќе има исплата.

„Платата во образование доцни. Според извори блиски до СОНК, МОН благовремено ги доставил списоците до МФ, но од објективни причини во ова министерство се доцни. Но, како што не уверуваат од таму, денес ќе има плата?!“, објави Неделков на социјалните мрежи. објави Скопје1.мк