Сојузот на синдикати на Македонија објави дека вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари 2026 година изнесува 67 382, потребни за да преживее едно четиричлено семејство во земјата.

Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јануари 2025 год. која изнесува 66 413 денари, февруарската е зголемена за 969,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец февруари изнесува 82 757,00 денари.

Втор месец по ред минималната потрочувачка кошничка се зголемува за околу 1.000 денари, а Слободан Трендафилов,претседателот на ССМ, ги повика пратениците да го изгласаат законскиот предлог во Собранието за зголемување на минималната плата на 600 евра.

– Секое работничко семејство е посиромашно за 2.000 денари за само два месеци.За 24 месеци,односно онолку време колку што одбиваат да ја зголемат минималната плата, вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за повеќе од 10.000 денари.И затоа, наместо да се препукуваат на грбот на работницоте во парламентот,политичките партии да застанат со нив и да ја изгласаат новата минимална плата која треба да изнесува 600 евра и да се зголемат сите останати плати за 6.000 денари затоа што очигледно животот само за функционерите и газдите е добар во Македонија, рече Трендафилов во видео обраќањето.