Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва на полноќ. Цената на бензините се зголемува за 0,5 денари, додека на дизелот за 1 денар по литар…
Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва на полноќ. Цената на бензините се зголемува за 0,5 денари, додека на дизелот за 1 денар по литар.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 од утре ќе изнесува 75,5 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 73,5 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 69 денари по литар.
Поскапува и екстралесното масло за домаќинство, од 67 на 68 денари по литар. Цената на мазутот поскапува за 0,6 денари, и од утре ќе се продажба по цена од 34,5 денари по килограм.