Исплатата на пензиите за месец февруари преку Комерцијална банка ќе започне во петок, на 27 февруари, информираат од банката.
Пензионерите кои располагаат со дебитни картички средствата ќе може да ги користат уште истиот ден – за безготовинско плаќање во трговската мрежа и онлајн, како и за подигнување готовина од банкоматите.
Од Банката посочуваат дека клиентите кои претпочитаат исплата во филијала или експозитура ќе може да ја подигнат својата пензија од 27 февруари и во секој нареден работен ден.
Локациите на филијалите и експозитурите се достапни на официјалната веб-страница на Банката.