Аеродромот во Истанбул, најголемиот во Европа, е прогласен за најдобар аеродром во светот втора година по ред, се резултатите од анкетата на водечкото туристичко списание Travel + Leisure.
– И ако е можно, аеродромот стана уште подобар – обезбедувајќи резултат од 98,57 во споредба со минатогодишните 95,79 – се наведува во соопштението за медиумите на списанието Travel and Leisure, пренесува агенцијата Анадолу.
Се вели дека резултатот од оваа година е „исклучително импресивен“ со оглед на тоа што аеродромот Истанбул беше рангиран на седмото место во анкетата за 2023 година, со резултат од читателите од 83,36.
Во 2024 година, аеродромот опслужи околу 80 милиони патници, што го прави најголем и втор најпрометен во Европа, според Генералниот директорат на државните аеродроми.
Исто така, минатата година стана најпрометниот центар за воздушен товар во Европа, според Годишниот извештај за сообраќај за 2024 година на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) за Европа.